Сет не рѓосувачки алатки за извлекување на ситни делови во непристапен простор. Служи за извлекување на навртки,иглички,завртки,монети,спојки и други мали делови со мал дијаметар.
• Сетот вклучува:
- Огледало со визуелен опсег од 360 ° до места каде што не би можеле да пристапите,
- Магнетнo стапче за подигање на деловите од местото каде што не би можеле со рака да пристапите.
- Магнетен сад од не'рѓосувачки челик. Садот со магнетни делови има моќен гумен изолиран магнет кој овозможува да се обезбеди на која било позиција.Служи за складирање на малите делови кои ќе се извадат од непристапниот простор.