• Политика за замена на производ
Доколку сте купиле одреден производ на UST.mk, може да направите замена во рок од 14 дена од денот на прием на производот.
Замената на производот се врши само доколку тој не е во согласност со вашата нарачка или доколку производот е оштетен при транспорт или е во неисправна состојба во моментот на приемот.
Замената на производот може да се изврши доколку производот е во оригинално пакување и истиот нема видливи оштетувања.
При случај на поднесување на барање за замена на исправен производ кој ви е веќе доставен вие се согласувате да ги сносите трошоците за испорака на производот.
Рекламации за исправноста на производите се прифаќаат САМО во рок од 24 часа од часот заведен на листата за прием на пратка. Доколку забележите фабрички оштетувања, видливи оштетувања направени при пакување или транспорт и/или производот ги нема сите составни делови, Ве молиме да не известите на телефонскиот број 070/331-936, секој работен ден од 08:00 до 21:00 часот. За прифатливо известување за рекламација ќе се смета телефонско известување заедно со испратени фотографии и/или видео од оштетениот производ на нашата електронска пошта: info@ust.mk или во порака на нашата Facebook/Instagram страна.